“БИСЕРИТЕ” ВО БЕЛГРАД

Борење

Најголемите таленти на БК 7 Мај Леов, борачките “бисери” Дино Еленин, Леонардо Насески, Бобан Бубрегоски и Теодор Темелкоски, в недела се на душеците во Белград, на меѓународен младински турнир. Најавена е силна конкуренција од безмалку цела југоисточна Европа. Очекувањата се барем еден трофеј.

– Доколку не посака среќата при ждрепката, сигурно освојуваме медал. Само да ги избегнеме Бугарите и Полјаците – вели Сашо Игњатовски, тренерот.

Вниманието е свртено кон Темелкоски, поради златото на државното првенство, каде бронзата беше за Насески.

Loading