КАТИСТИТЕ РАСТУРАА ВО БОРБИ

Карате

Меѓународниот турнир Гостивар ОПЕН ги претстави каратистите на КК Ронин во необично издание. Докажаните во кати, импонираа во борби. Освоија седум златни медали. Кај кадетките, во одделни тежински категории први места освоија Мишела и Маријана Димоски. Кај јуниорите, секој во својата група, доминираа Марија Матракоска, Искра Каракашоска, Андреј Бошкоски, Дејви Урдиноски и Лина Димеска. Да не остане ништо од ката, таму злато освои Киријана Камческа. Со уште четири сребра и исто толку бронзи КК Ронин е најуспешен македонски клуб.

Одличен настап и на КК Спорт 94. Освои 14 медали, а златни се: Христи Мицески, Николче Мирчески, Антонио Трендафилоски, Андреј Ристески и Сара Симоноска.

Loading