ШАМПИОНИ

Пинг понг

Малку кој веруваше дека екипата на Младост ќе ја освои шампионската позиција во есенската полусезона. Токму тоа се случи по седум одиграни кола. Тимот на тренерот – капитен Зоран Јованоски, со Ѓоко Јочкоски и Гоце Тошески, освоија 10 бода, со пет победи над Нец, В. Безбедност, Шампиони ФА, Гоце Делчев и Струга, а со единствен пораз од Работнички. И тој меч требаше да се добие, со оглед на табелата каде скопјаните се четврти со шест бода, но тогаш одлучија поените на прилепското дете Андреј Лашкоски. Конкуренти за врвот се уште вториот Нец и третиот В. Безбедност со по осум бода.

Напролет се готви новина од Федерацијата, првпат на дерби да се делегираат неутрални судии, а не како досега домашни.

Loading