НОВА ВЕРЗИЈА НА “МАЧОРОТ ВО ЧИЗМИ”

Во сеќавање  на Петар Димоски – Жмарата

Театарот “Војдан Чернодрински”, под будното око на режисерот  драматург Кирил Петрески, ќе ја обновува претставата за деца “Мачорот во чизми”, која пред многу години беше хит. Најмалите со многу песни, ќе уживаат пред новогодишните празници.

– Повторното поставување на “Мачорот…” е во знак на сеќавање за починатиот режисер на проектот Петар Димоски – Жмарата.  Претставата беше атрактивна и многу посетена. Се надеваме дека пак ќе се наполни салата многупати – велат од театарот.

Петрески ќе се потруди изворно да ја доближи приказната на младите генерации.

– Од режисерски аспект, сé е исто, тргнувајќи одмузиката, сé до костимите.Ќе се дополни само со актери, ќе се вклучат помладите од анасамблот – вели Петрески.

“Мачорот …”,пак ќе го игра актерот Димитар Вандески, кому ова ќе му биде четврпат да го игра саканиот лик меѓу децата.

– Тоа е мојата омилена ролја, по која ме препознаваа децата со години. Низ претставата се стекнуваа првите познавања за театарот. Првпат играв во 1970, па 1993, 2005 и еве сега. Ликот “живее” на сцената над 40 години – вели Вандески.

Театарот последниве години посветува посебно внимание за детската публика. Уште е на репертоар куклената претстава  “Калифот Штрк” во режија на Дарко Ковачовски.

Loading