ТРЕСКАВЕЦ ВО МЕЃУНАРОДНА ЛИСТА ЗА ЗАШТИТА

Манастирот Трескавец е првиот локалитет од Македонија, кој е влезен во листата на водечката независна организација за зачувување на културните споменици World Monuments Watch. Организацијата, од 1965 година, се  грижи за одржување и зачувување на најпознатите културни локации и објекти во 90 земји низ светот. Со децении се залага за заштита од природни влијанија и социјално – политички промени. 

Трескавец од 2006 година е утврден за значаен споменик на културата и духовно светилиште со квалитетна изработка на иконостасот и внатрешната црква. Тој е на листата, покрај црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид (2008), археолошкиот локалитет Стоби и  Полошкиот манастир (2013).

Loading