ПРВО МЕСТО?

РК Прилеп

Викендов е последното есенско коло од Првата машка лига, а РК Прилеп оди по бодови во Гостивар, кај осмиот Вардар Полог. Со победа се задржува првото место и шансите за Супер лигата. Претходно дома беше совладана Струга со 33-29. Табела: РК Прилеп 18, Младост и Работнички по 16.

Во женската Прва лига, Таста 107 со пресврт дома го надигра Чаир со 23-21. Стрелци: Јолеска 7, Трајкоска 6, Сталеска 4 гола. Со 9 бода е на 7. место. Викендов е гостувањето кај лидерот Моби дик во Охрид, кој има седум победи и еден пораз.

Loading