ДОБРА ШАНСА

Фудбал

Заврши паузата и следи претпоследното есенско коло во Втората лига. Осмата Победа по успехот 0-1 над Борец во Велес, в сабота игра дома со 11-от Зајас. Нов триумф значи скок на табелата, со оглед на 20 бода, три помалку од четвртото Скопје. Водат Тетекс и Силекс по 28. Во залет е со 10 бода и претпоследниот 11 Октомври. По третата победа, дома 2-1 над Тиверија, утре е гостувањето кај седмото Врапчиште. Евентуален подвиг ги враќа надежите за опстанок.

В недела (13,30 ч.) е 14. коло од Третата лига – Југ и нови искушенија за водечките. Г. Коњари по службената победа над Росоман, на дерби гостува кај Вардар во Неготино. Варош по триумфот 2-1 над Вардар, игра на гости кај Млекар. Останати: Кадино – Сирково, Илинден – Младост К., Партизан – Бабуна, Тополчани – Младост У. Претходно: Тополчани – Кадино 2-2, Младост У. – Партизан 0-0, Бабуна – Млекар 1-0. Табела: Г. Коњари 27, Варош 25, Вардар 23.

Loading