Музичкиот диск “Стихири на Рождество Христово”, на кој настапува ансамблот “Пелагонитиса” ќе биде промовиран вечерва од 19 часот во ликовниот салон на Ц.К.
Ќе настапи и црковниот хор “Свето Благовештение”.
Дискот е публикуван со поддршка на Министерството за култура во рамките на музичката програма за духовно и културно наследство. Промотори ќе бидат отец Архимандрит Никола, Кире Гаралоски и раководителот на ансамблот м-р Гоце Секулоски.