ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ЗА КИНА

“Убавата Кина” е изложба од 60 фотографии, која в среда од 19 часот ќе биде отворена во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков” во соработка меѓу општината и кинеската амбасада. Фотографиите ја пренесуваат заедничката визија на кинескиот народ за подобар живот. Претставени се реалностите и соништата, природата и креативноста на човештвото. Овековечени се зелените планини, бистрата вода, хармонијата меѓу човекот и природата.

Loading