КОНЦЕРТ ЗА ФЛЕЈТА И ПИЈАНО

Утревечер од 19 часот во галеријата класичен концерт за флејта и пијано ќе имаат м-р Сузана Стефанова и м-р Јасмина Трајческа, кои ќе исполнат дела од Моцарт, Шостаковиќ, Прокопјев, Вилијамс… Концертот е поддржан од Министерството за култура.

Флејтистката Сузана Стефанова од Гевгелија завршила ФМУ во Скопје, каде и магистрирала. Учествувала во истражувачки музички проекти, семинари и одржала повеќе концерти.

Сограѓанката Јасмина Трајческа завршила на ФМУ во Скопје и магистрирала. Зад себе има богата концертна активност, со настапи во Прилеп, Хрватска, Словенија, Италија, Париз и има освоено повеќе награди и признанија.

Loading