МОТОКРОС ВО ЛАГОВО

Околу 30-40 мотокрос возачи од земјава и од странство во петте категории мx65, мx85, мx1, мx2 и мx3 в недела од 10 часот ќе направат огнено крштевање на новата мотокрос патека кај селото Лагово. Страстните јавачи на моторни коњи на две тркала ќе ја тестираат патеката, ужувајќи во овој екстремен спорт.  Организацијата на сефте трката е на клубот за екстремни спортови “Скѕ Ридерс” од Прилеп со поддршка на локалната самоуправа.

Натпреварот ќе има промотивен карактер и без бодување за мотокрос шампионатот.

Организаторите подготвија превоз од пред рекламите во 9 часот.     

Loading