ПОТПИС ЗА ЗВЕЗДА

Историја

Летото 1997 двајца од Победа, стоперот Дарко Крстески и за врска Благојче Ѓорѓиоски, преминаа во белградска Црвена звезда. Потписот за некогашниот европски и светски шампион предизвика внимание во српската јавност. Сите медиуми објавија, а во “Спорт” беа на насловната страница.

– Голем ден. Звезда е нашата иднина – изјавија пред новинарите.

“Црвено – бели” беа две години, а потоа Крстески играше за Сутјеска, Борац Ч., во Јордан и Малта, а Ѓорѓиоски за Смедерево и во Австралија.

Loading