ПОЖАРНИКАРИТЕ ВО НОВ АМБИЕНТ

Нов дом добија пожарникарите. Старото индустриско училиште на Крушевско џаде со инвестицијата од 11 милиони денари на Локалната самоуправа се претвори во современ објект каде се дислоцира противпожарната единица. Чуварите од лошиот господар – огнот, сега имаат подостоинствени услови за престој и подготовка пред да се фатат во костец со огнените јазици. Под покрив, ќе бидат и противпожарните возила кои ќе може да функционираат и на температура под нулата.

Новата зграда беше пуштена во употреба за Трети Ноември –  денот на ослободувањето на градот.           

– Единицата ќе има подобри услови, ќе биде поефикасна и побрза. Во догледно време ќе има и дееташирани одделенија уште кај Солидност и в Касарна за да се покрие градот – вели Станко Колески, командир на Противпожарната единица.

Со проект на Пелагонискиот плански регион, пожарникарите добија и огноотпорни скафандери, имаат и клешти, и уште какви не помошни алати и опрема за интервенции на сообраќајни несреќи или за спасување и извлекување на лица од незгоди за што Англичани неодамна ги обучуваа прилепските колеги.            

Loading