ПАК ПОПРАВКА

Пинг – понг

Се “шушка” договор меѓу двата пингпонгарски клуба за втора поправка на салата зад КГС Партизан. Не се работи за многу пари, по еден месец објектот да биде во функција. Во меѓувреме домаќини се во училишни сали. Суперлигашкиот лидер Младост го одложи мечот со Шампиони ФА во Штип, а неделен противник дома е Работнички.

Прволигашкиот лидер Младост 96 со 1-5 славеше во Струмица со по две победи на А. Рикалоски и М. Иваноски, една на Х. Иваноски. Следен ривал дома е Куманово.

Loading