ЧЕТИВО ПРОТИВ ЈАЗИЧНИ ГРЕШКИ МЕЃУ КОРИЦИ

Промовирана книгата “Јазичен агол 2” од Благоја Ивчески

Во присуство на повеќе гости во библиотеката “Борка Талески” се претстави книгата “Јазичен агол 2” од Благоја Ивчески, во издание на неделникот Зенит. Промоторот проф.д-р Љупчо Печијарески потенцира дека книгата е исклучително значајна, бидејќи авторот го пренесува својот став како треба да се говори македонски.

Извадоци од “Јазичен агол 2” интерпетираа актерите Марија С.Илијеска и Димитар Ѓорѓиевски.

Ова е втора книга “Јазичен агол” од Ивчески, во која се објавени сто нови наслови од текстовите што секоја недела се објавуваат во рубриката “Јазичен агол”.

Ивчески е потписник на книгите “Јазичен агол 1” и “Сеќавања до деветтата”, двете во издание на Зенит, кој е издавач и на книги од Даниел Мелвил, од Васе Митреска, Томе Велјановски…

Loading