ЧЕЛУСТИ ПОКРАЈ ШКОЛО

Знакот ни укажува дека имотот го чува куче. Ништо ново. Доста огради од куќи се “накитени” со предупредувања за опасност од куче, кое ја брани куќата од непознати и непожелни гости. И тука нема ништо лошо. Меѓутоа, знакот е закачен  во дворот на ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. Упатува на тоа дека кучето е слободно, пуштено од синџирот и “шпарта” низ дворот. Оградата е висока околу еден метар и предупредувањето “не прескокнувај”, малку ги заштитува децата во училишното игралиште. Сосема неодговорно е од стопанот на песот да држи пуштено чувар со отворена челуст во двор до основно училиште. Децата знаат да читаат, ама не дај Боже може да се најде некое кое за инает би прерипнало. Згора на тоа, ништо не го спречува кучето да прескокне во дворот на училиштето. Дали и од другата страна треба да има знак?!                  

Loading