ПОДВИГ

Жени

Во женската лига, младите фудбалерки на Победа дојдоа до подвиг 2-4 во Скопје над Единство. По примениот гол, пресврт со два гола направи Бошеска, по еден на Талимџиоска и Стојаноска. Девојките на Блаже Филипоски ја креваат формата. Претходно дома загубија 0-1 од Младост О., 0-5 од Тиверија, а ја совладаа со 1-0 Речица. На гости загубија 3-1 од Борец и 1-0 од Конзули. Следи дуел дома со битолски Топ гол.

Табела: Младост 18, Кочани, Борец, Тиверија 15, осма Победа 6.

Loading