ГАЗЕТА ДЕЛО СПОРТ

Историја

На 14 септември 2000 во Скопје, Победа загуби 0-2 од половина милијарда скапата Парма, во 1. коло на Купот УЕФА. Дуелот беше најавуван, објавени опширни извештаи и осврти во италијанските медиуми. Во најтиражниот весник од Милано “Газета дело спорт” на две третини страница голем формат имаше извештај од новинар и фоторепортер. Под насловот “Успешен старт на Парма” беше сликата за радост на првиот гол, состави, оценки со образложенија, четири рамки, за играта на Консеисао, исклучувањето на Б. Нацев, навивачите, изјава на Малезани.

Имаше и директен ТВ – пренос на Рете 4.

Loading