БЛИЗУ ДО СВЕТСКИОТ ВРВ

Параглајдерство

Параглајдеристите на Делта во налет со амбиција за светскиот врв. Формата ја покажуваат на турнири. Последен е успехот на Меѓународниот натпревар во прецизно слетување, Перник ОПЕН во Бугарија, бодуван за ФАИ. Браќата Јованоски се на врвот, повозрасниот Мартин прв, помалиот Борјан втор, а таткото Миле, високо, седми.

– Триумфиравме над европскиот првак Димитар Ралев, предводник на Бугарија, тим, вицешампион на последното, годинашно светско првенство во Сараево, каде не учествувавме од финансиски причини. Институциите да се замислат, оти, со мала поддршка, можеме до светски трофеј – порачува Миле Јованоски.

Loading