“МАСКИ” НА АНДРИЈАНА РАДЕВСКА

Изложба на слики од Андријана Радевска од Скопје ќе биде отворена вечерва од 20 часот во галеријата од ЦК “Марко Цепенков”. Уметницата се претставува со циклус дела инспириран од денешното модерно живеење.

–  Темата се разликува сосема од оригиналната намена на африканските маски. Овој дел од светот велиме дека е модерен, живеат современи луѓето, кои често ги менуват своите маски, дури и неколкупати дневно. Мислам на емоционалните маски кои помагаат да го минеме денот. Сите стеги и маргини на општеството кои свесно или несвесно не наведуваат да бидеме она што треба да бидеме, а не она што навистина сме – вели Радевска, која дипломирала на Академијата за ликовни уметности во Скопје во класата на Благоја Маневски. 

Loading