Вечерва в театар
“Швејк во втората светска војна” во режија на Мартин Кочовски е новата претстава која премиерно театарот “Војдан Чернодрински” ќе ја прикаже вечерва од 20 часот. Тектот е на Б. Брехт, а преводот е на Благоја Ивчески.
– Претставата силно ќе удира по деликатни места и ќе буди воодушевувачка радост од театарскиот чин – вели режисерот Мартин Кочовски.
Играат Илија Волчески, студент на ФДУ, Владимир Ѓорѓијоски, кој воедно е драматург и асистент на режија, Даниела Иваноска, Андон Јованоски, Јасмина Мицовска – Станкоска, Наташа Наумоска, Александар Степанулески, Александар Тодески, Игор Трпче, Димитар Црцороски, Виолета Чакарова и Катерина Чакмакоска.
Сценографијата и костимите се на Јулијана Војкова – Најман, музиката е од групата Фолтин, а кореограф е Јована Василева.