ЗБОГАТЕНА БИБЛИОТЕКАТА

Библиотеката “Борка Талески” постојано се збогатува со нова литература. Речиси на секои три месеци добива нови книги, од познати странски автори преведени на македонски јазик, донација од Владата на Македонија. Новите книги беа презенетирани на изложба по повод празникот 23 Октомври и во рамките на одбележувањето на месецот на книгата.

Градоначалникот Марјан Ристески најави надоградување на библиотеката да се обезбеди простор за сместување на книжниот фонд.

– Активностите се насочени кон следење на современите европски библиотеки. Ги изложивме книгите од најпознатите странски автори преведени на македонски јазик. За месецот на книгата се избра  најдобар млад библиотекар, а новите членови добија шанса да се запишат за намалена членарина. Ќе има и натпревари за најдобри рецитатори – вели директорот Петар Петрески.

Инаку, Библиотеката располага со над 130 илјади книги, од кои во подрачната во Варош има 7000, а во Тополчани 5000 примероци.

Loading