ВЕЛОСИПЕДИ – ОЛД ТАЈМЕРИ

За празникот 11 Октомври вриеше народ околу изложените олд тајмери. Старите моторни возила го привлекоа вниманието, а речиси незабележливо крај нив минуваа повеќе нивни современици. Се работи за велосипеди од постара генерација, пред 50-60 години од марките “Рог”, “Претис”, “Партизан”, кои ден – денес се во употреба за бесплатен превоз низ градот или до блиската околина.

Можеби, покрај автомобили, во иднина ќе има изложба и на велосипеди – олд тајмери.

Loading