НА БАКЛАВА ЗА БАЈРАМ

Како што Велигден, најголемиот православен празник ги збра на заедничка трпеза и поповите и оџите, така и прославувањето на  муслиманскиот празник Курбан Бајрам преку кој се искажува љубовта кон Алах и помошта кон сиромашните, беше повод за свечениот заеднички ручек во прилепската населба Тризла. Градоначалникот Марјан Ристески, раководителите на јавните претпријатија и претставниците од прилепското намесништво на МПЦ, на покана од исламската заедница, односно религиозната група Ехли Сунет Вел Џамат, традиционално заеднички ручаа шестипат, симболично одбележувајќи го сожителството кое трае со години, а разликите ги сплотуваат припадниците на различните вери. Како што не може Велигден без црвено јајце, така нема ниту празник Бајрам без вкусна баклава полна со орев. 

Loading