ПРЕТСЕДАТЕЛОТ КАЈ ПЕНЗИОНЕРИТЕ

Над 400 пензионери од земјава имаа традиционален собир и веселба во Прилеп за празникот 11 Октомври. Пријатно изненадување им приреди ненајавената посета на Претседателот Ѓорге Иванов. Тој им го збогати дружењето и разговараше за животот во третото доба половина час, давајќи í поинаква конотација на пензинерската средба. Иванов не можеше да се одлепи од пензионерите и им овозможи фотографирање за спомен. Пензионерите ги почести со присуството и градоначалникот Марјан Ристески со претседателот на советот м-р Никола Димески. 

Loading