САМО ПОБЕДУВААТ

Школа Шампион

Талентирани генерации фудбалери има во школата Шампион на тренерот Стевче Талески. Есенва нижат само за победи. Во конкуренција помлади пионери дома со 5-1 го победија ресенски Тотал, на гости 0-7 Талент и 1-3 ЛГ Битола. Кај постарите пионери, под името Победа дома со 3-0 го совладаа кратовски Силекс, со 4-0 велешки Борец, а на гости 1-2 Ринија во Куманово и 1-6 Неготино.

– Имаме таленти, кои со поддршка од градот ќе израснат во врвни играчи. Идол за најмалите е Андреј Карапеев со 10 гола, а за постарите Бојан Спиркоски кој игра во Чешка – вели Талески.

Викендов, малите гостуваат на Пелистер, а постарите на Могила го чекаат Тиквеш.

Loading