ВЛЕГОА СПОНЗОРИТЕ

Победа

ФК Победа јуниор од вчера е ФК Победа Прилеп. Променета е и управата. На градоначалникот Марјан Ристески придружени се фирмите: Прилепска пиварница, Комфи ангел, Кабелнет и Жито Прилеп. Една ќе биде доминантна со над 50 отсто влог.

– Целта е да го вратиме клубот во првата лига. Задача е да создадеме услови, а инфраструктурата ќе биде меѓу најдобрите во државава. Прв приоритет е опстанок – рече Ристески.

Спонзорите се застапени со претставници: Сашо Самарџиоски, Андру Брус, Николас Атанасоски и Горан Хаџи – Ристески, за кого се слуша дека е идниот претседател. наследник на татко му Хари и брат му Миле. Додека траеше промоцијата, пред Локалната, исход чекаа група навивачи, до кои допре веста дека тренерскиот и играчкиот кадар останува, а засилувања се најавени в зима.

Loading