СУПЕР ОДБРАНА ЗА СУПЕР ЛИГА

Ракомет: Убедлива, стартна победа на РК Прилеп

Во првото полувреме со РК Битола примија само осум гола

В сабота (18.30 ч.) РК Прилеп оди на триумф со Јехона во “… Ричко, во 2. коло од Првата лига за мажи. Оптимизмот се темели на убедливата, стартна победа дома од 27-21 над РК Битола. Успехот не беше неизвесен за избраниците на Орде Илиески.

Мечот беше прв во СОУ “…Ричко”, во убавата мала сала со 200 гледачи. За дерби дуелите ќе недостасува “грмеж” од две илјади навивачи, но веруваме ќе пресуди квалитетот.

Во 2. коло од Првата женска лига, Таста 107 е домаќин на Пелистер во салата “…Ричко” во сабота (16:30 ч.). Шанса за прв триумф над битолчанките. Претходно, прилепчанките го одложија мечот со Куманово.

Loading