ПРВА КЛУПСКА ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ

Во чест на Зазо

Прва клупска изложба на 60 уметнички фотографии, посветена на страстниот фото заљубеник Јордан Зазоски – Зазо, ќе се отвори вечерва од 19.30 часот во изложбениот салон на ЦК “Марко Цепенков”. Делата се избрани на конкурсот на Фото кино клубот Прилеп. Со по една, две, три фотографии ќе бидат застапени 20 автори.

Фото кино клубот постои од 1984 година, кога се споија двата клуба “Златоврв” и “Еделвајс”. Последните години е добитник  на повеќе награди, меѓу кои на Златна камера 300 за филмот “Нема разлика”, награда во Омољица за филмот “Додека надежта живее”, а минатата година се закити и со златна плакета за камера. 

Loading