“ТРИ ВО ЕДНО” ПРЕД КУМАНОВЧАНИ

Со претставата “Три варијации на една тема” по текст и во режија на Коле Ангеловски, театарот “Војдан Чернодрински” утревечер гостува во Куманово на 16. издание на Денови на комедијата, на која освен од Македонија ќе се претстават ансамбли од Србија, Бугарија, Косово.

Ова ќе биде прво гостување со оваа претстава на театарот надвор од матичната сцена по јунската премиера.

“Три варијации на една тема” или “Три во едно” како што вели режисерот Ангеловски, е урнебесна комедија во три дела, во која се пренесени приказни од секојдневието, На сцената приказната ќе ја раскажат Зоран Иваноски, Даниела Иваноска, Марјан Чакмакоски, Марија С. Илијеска, Наташа Наумоска, Андон Јованоски, Катерина Чакмакоска, Димитар Црцороски, Јасмина М.Станкоска, Виолета Чакарова, Владимир Ѓорѓијоски, Никола Настоски, Александар Степанулески. Костимите и сценографијата се на Илина Ангеловска, а  музиката на Томче Темелковски. 

Loading