СКУЛПТУРА НА СИЛЈАН ШТРКОТ ВО МАЛО КОЊАРИ

Локалните власти им подарија скулптура на штрк и два парка на потомците на Силјан Штркот од селото Мало Коњари, оживувајќи го духот на овој легендарен јунак од приказните на Марко Цепенков, а поврзан со ова населено место. Околу 800 жители пак ќе го прераскажуваат преданието за немирниот млад човек.

Речиси секој оџак во селото пролетно време е гнездо за штрковите. Жителите не ги уриваат, оти владее суеверие дека тоа ќе им донесе неволја. Птиците од Југ со големи крилја “градат” седела за своите потомци и по бандерите. Покрај еден од столбовите со празно гнездо од штрковите кои го населуваат селото летно време, а заминуваат во топлите краишта секоја година на осми август, овековечен Силјан Штркот со скулптура.

Жителите се горди што ги препознаваат како потомци на главниот лик од приказната. И во денешно време некои свои соселани ги викаат Силјан Штркот, поради тоа што се аздисани и спремни за неизвесни патешествија.

Loading