ПРИЛЕП – БИТОЛА

Прва лига

Стартува Првата ракометна лига за мажи со дуелот Прилеп – Битола в сабота (14 ч.) во салата од СОУ “…Ричко”. Се очекува исполнетост на сите 400 седишта. Тренерот Орде Илиоски смета на засилувањата, бековите Дарко Стојаноски и Филип Ангеловски, крилото Менде Петкоски, сите со суперлигашко искуство, а во последен миг можно е доведување на голман.

– Посилни сме од лани и ќе атакуваме на врвот – порачува Рубин Седлоски, секретар на РК Прилеп.

Претходно (12 ч.) е женскиот дуел Таста 107 – Куманово. Тимот на Бети Филипоска – Петар Кузманоски со новите Даниловска, Јолеска, Трајкоска и Јорданоска од младинскиот погон на Жито Прилеп, оди на прв триумф во Првата лига.

Loading