ПИНГ – ПОНГ СО СТОМАК

Историја

Легендарниот хрватски пингпонгар Драгутин Шурбек беше во Прилеп во 1997 година. Универзалната сала беше преполна од љубопитни граѓани, кои сакаа одблизу да го видат прочуениот спортист. Иако во 51 година, прифати мечеви по еден сет со многумина, активни пингпонгари, ветерани и рекреативци. Инспириран од публиката изведе атракции. Се повлекуваше во дефанзива, толку назад до оградата, дури и зад неа, но до бескрај оддалеку го враќаше топчето, кое паѓаше точно на маса. Во еден момент го прикачи рекетот на стомакот и за чудо и така успеваше да го враќа топчето на вистинското место, што наиде на овации од гледалиштето.

Тоа беше втора посета на Шурбек, по 1968 кога стана европски првак.

Loading