НАСКОРО СПЕКТАКЛ

Бокс

После една година пауза, во ноември е планиран нов боксерски професионален спектакл, организиран од “Про бокс Македонија”. Земјата ќе ја претставуваат прилепчанецот Александар Николоски и скопјанецот Мендо Себи, дебитант. Противниците најверојатно ќе бидат од Бугарија. Има понуда до Балканска боксерска промоција од Белград да учествува со свои членови и доколку прифати, можни се две дополнителни борби. Ако гостува, внимание ќе предизвика Мане Марчета, кандидат за титула во ВБЦ верзијата.

Loading