ШАМПИОНИ КАЈ МАЛО КОЊАРИ

Моделарство: Викендов два светски купа со 70 натпреварувачи од 10 земји

На аеродромот кај Мало Коњари викендов се двата меѓународни натпревари во воздухопловно моделарство. В сабота е “Светски куп трофеј на Прилеп”, в недела “Светски куп Македонија”, а двата дена паралелно бодувањето е за “Еуро – челенџ куп”. Програмата идентична, прво на сцена се Ф-1-А едрилици, потоа Ф-1-Б гуменици, Ф-1-Ц модели со клипен мотор, на крајот Ф-1-Х едрилици.

Доаѓаат 70 учесници од Финска, Данска, Шведска, Русија, Хрватска, Босна, Србија, Бугарија, Турција и Македонија.  Во фокусот се светскиот шампион Роберт Лешко од Хрватска, најдобрата за јуниори Петра Меглај од Словенија, европскиот првак Светозар Гостоиќ од Србија, поранешниот Николај Николов од Бугарија, вицешампионот на светот Исмет Јуртсевен од Турција, ветеранот Анатолиј Рибченков од Русија.

– Манифестациите се афирмација на државата и градот. Завршена е темелната подготовка, која беше предизвик – вели директорот Здравко Тодороски.

Loading