“СКУЛПТУРИ НА НОВОТО ВРЕМЕ 2013”

Вечерва во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”

Точно 19 скулптори од Македонија со исто толку дела ќе излагаат на изложбата, насловена “Скулптури на новото време 2013” вечерва од 19.30 часот во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”. Ќе се претстават и пет наши автори, Александра Богоеска, Марјан Стојаноски, Емил Солески, Атанас Атанасовски и Владимир Николоски, со по една скулптура работена во дрво, камен, алуминиум и мермер.

– Менувањето на просторот во кој се движиме отсекогаш бил предизвик за креативни автори, кои, без оглед на радикалноста,  биле спремни да ги споделат идеите со публиката. Оригиналната авторска скулптура прави конекција меѓу гледачот, авторот, просторот и времето – вели  Роберт Цветковски, историчар на уметноста.

Loading