ЧАТЛЕСКИ ЧЛЕН НА СОЈУЗОТ НА УМЕТНИЦИТЕ НА РУСИЈА

Сликарот Тони Чатлески, едновремено директор на ЦК “Марко Цепенков” доби уште едно меѓународно признание. Стана член на Професионалниот сојуз на уметници на Руската федерација.

– Приемот во друштвото со илјадници уметници е посебена чест. Особено што сум првиот уметник од земјата кој е пореден рамо до рамо со најзначајните руски уметници. Се гордеам што ја претставувам ликовната уметност на Македонија – вели Чатлески, кој ја подготвува првата самостојна изложба за Москва.

Чатлески е познат македонски уметник, со 20 самостојни изложби во земјата и странство. Реализираше уметнички перформанс насловен  “Ротонда”. Учесник е на повеќе колонии и иницијатор на ликовната колонија Дрен. 

Loading