ЕХ, ПУСТО ТУРСКО!

Пишува Даниел Мелвил
Некош ние во Прилепов, ко Госпо ојше уше по земјава македонска, си кршевме лаф-муабет по наше, та ела некој од културните комшии да знај шо зборуваме. То време сега ми се чини толку далеку, како некоја одамна мината геолошка епоха, во времето кога се тресеше калдрмата под чекорите на мамути, мастодонти и не знам кои уше други сега веќе изумрени предисториски диви животни. Еве ми дојде на ум една случка: Ü реков на младата жена – “Ај тргни го уше малку мадето!”. Таја само ми фрли едно око и ми ги тури пиперките во зимбило. Ко се пооддалечивме малку, пријатело шо беше со мене, ми вели:
– Абе не ти е срам така безобразно да í зборуваш на онаа невеста со крастајците?
– Шо безобразно, бе Мики?
– Ами í рече “маде”. Ти се налути.
Почнав да му објаснувам на Мики, кој висок како џин и јак како бик:
– Море кардаш, от ко појде ти на печалба, некако го заборај нашио јазик. Шојма безобразно во то шо го реков? Бевме на пазар. Невестата продава крастајци, пиперки, модри патлиџани и друго. Пиперките ми се сторија арни, та посакав да придај уше некоја во тасо од кантаро, а тој кантар, братко, ти е римски – на една страна тас, на другата железна прачка со на неа обележани тежините преку кое се движи мадето. Такви кантари се употребувале уше во времето на дедо Ное, во Римската империја, а мадето јас не го измислив. Ене ти мадина и во камбаните, чукала шо ѕвонат мавајќи како чекани. Да не сакаш со срп да се удира по камбаните?
– Море шо мостра си ти, кој не те знај скапо ќе те плати! – се смеша во муабето Киро Глуфако, којшо одел по нас и слушал шо муабет прајме.
– А, Глуфак, жив и здрав?!
– Ами ко шо глете.
– Ако немаш друга работа, ај дој со нас.
– Че дом, шо да прам друго (во то време почнавме во Прилепов да ги мешаме ќ и ч, та де едното го велевме, де другото).
Го остајф зимбило со пиперките кај Цане берберо, да не ги влечкам со мене и продолживме да ојме низ чаршијата. Наеднаш ни се испречија пред нас продавачката на крастајци и еден чоек шо личеше на некој опасен карадауџија и кој ми рече:
– Ти си тој шо си í зборувал безобразно на женатами?
– Види мајката, види пајката! – се изненадив па го прашам:
– Шо сум í велел (и ја гледам застаната до него невестата)?
– Ти си знајш, ама со жени е лесно, ај со мене да си земиме мера!
Му велам со даскалски глас:
– Море чоек, ој си по пато да не ти лути врато!
Чоеко се истопори, че мава, нема шо. Глуфако се смеј под мустак ко пизде, ама Мики, кој не поднесува никој да ми бара кавга, му се сврти на карадауџијата:
– Слушај ти, парталу еден, никој на женатати не и зборна за безобразно! Ако многу преташ, пуздер ќе те сторам, од тебе нема предув да остани. Разбра или не разбра?!
Се смеша и Глуфако, па гледајќи ја жената, рече:
– Нема шо, гладна кокошка просо сонува!
Опаснио тепач ја наведе главата наназад, за да го види порно лицето од Мики, за малку ќе паднеше, толку е висок е Мики, а башка од то, гласо му е дебел како да зборува во бочва и то вовизба. Жената разбра колку е сато, па го фати мажаси под мишка и почна да го трга велејќи:
– Ај да си ојме. Шо сме фатиле работа со овие манги, апаши едни!
На лево круг, усук да ги нема и дури си одеја, Мики рече гласно ко за себе да зборува: “За малку че му ја скршев рилката на онај ајван!”
Се чу гласо од Глуфако:
– Ене ја Стана со Пецо тенекеџијата. Види како се дотерала! Лицето толку си го нацрвила и набелила, шо í личи на газ од мајмун.
– Молчи бе, манго една! – ѓомити се налутив. Сигурно се враќаат од штава.
А Глуфако:
– Море какво штавосувајне, транталци, чоеко ја има испратено на мочајне во нужницине, а сега í прај друштво за додома.
Басо од Мики ја стресе земјата околу нас:
– Глејте како го дигнала носо, до облаци. Ич не нé познава.
– Лета по орлојте мадина – нé информира Глуфако.
– Ај да појме во Свети Арангел, да одиграме некој ојн табланет – предложив (Свети Арангел ја викавме една крчма каде се служеше ракија за јунаци, толку беше лута).
Поминавме покрај група луѓе шо гледаа некој чоек кој припаднал (истиот така припаѓаше од време на време а, татко му, беше фатен уше пред некоја година, и си седеше дома на столица).
Во Свети Арангел, кога испивме некое чоканче ракија, заигравме папаски, а Мики воздивна толку тешко, шо за малку картите че летнеа од масата:
– Ех, пусто турско!

Loading