СТРУМИЧАНКИТЕ – ИТАЛИЈАНКИ

Женската фудбалска екипа на Тиверија Истатов од Струмица ја изненади публиката на стадионот “Гоце Делчев” со новата, убава опрема, на која имаше италијански симболи. Тробојното знаме се гледаше на левата страна од маичките и на десната од шортцевите.
– Освен што со задоволство во Наполи го гледаме сограѓанинот Пандев, никаква поврзаност немаме со Италија. Дресовите ги купивме од Струмица. Симболите ќе ги покриеме со клупското лого – велат од ЖФК Тиверија Истатов.
Над домашната Победа славеа со 0-5, со два гола на Димкоска, по еден на Н. Спасова, А. Ристовска, Крстаноска и струмичанките не само што личеа, туку и играа како – Италијанки.

Loading