ЗБОГУМ НА ГРЕШКИТЕ

Нови записници
Есенва воведени се нови записници на фудбалските мечеви, според меѓународниот Комет систем. Играчите се заведени еднаш – засекогаш под број, име и презиме. Каде да настапуваат, дома или во странство, до крајот на кариерата го имаат истиот код. Во сите држави записниците се потполно исти. Со ова е ставен крај на грешките при објавувањето на презимињата. Богоески бил Богески, Ристески е Ристовски, Ѓорѓиоски е Георгиевски итн.
Само спомен се маките на генерациите пред децении, кога документот наместо на компјутер се пишуваше на машина, а под индигото излегуваа бледи копии.

Loading