КК МАРФИЛ

Кошарка
Според најавите, формиран е новиот кошаркарски клуб, под името КК Марфил Спорт. Тренерот Сашо Костоски располага со млади играчи, меѓу 16 и 18 години, а има неколку од згаснатиот КК Кралеви, како Христијан Петрески. Подготовките во салата на СУ “Ристе Ристески – Ричко” се за учество во Третата лига. Дефинитивниот број на ривалите не е утврден, пријавувањето е до недела. Стартот на борбата за бодови е планиран во средината на октомври.
Привлечен може да биде и првиот пријателски меч, бидејќи градов 17 месеци е без кошарка.

Loading