ВАГОНИ КОН ВЕЛЕС

Историја
Навивачите на Победа најмногу ја паметат преселбата кон Скопје со воз од 25 вагони за мечот со Парма 2000 година, а нешто слично се случи на 28 октомври 1989. Изгледа нелогично, но со оглед на второлигашките апетити, тогаш градот се мобилизираше за меч во Третата лига! Од денешен агол неверојатно, прилепчани со воз и друг превоз масовно се упатија кон Велес, каде се играше дербито Борец – Победа. Немаше празно место и стадионот постигна рекорд со 7 000 гледачи, кои го поздравија домашниот триумф од 1-0.
Победа наредните години беше се посилна и уште неколкупати по осамостојувањето го полнеше стадионот во Велес.

Loading