ДОКАЖУВАЊЕ ВО ЧЕШКА

Бојан Спиркоски
Осумнаесетгодишниот Бојан Спиркоски минатата сезона го гледавме во дресот на 11 Октомври, а сега е во Чешка, во прволигашот Височина од Јихлава. Есенва добива шанса во младинскиот состав. Веќе настапи во средниот ред на пет меча, против реномираните Острава, Плзен, Будејовице, Славија и Јаблонец. Неговиот тим забележа две победи и три пораза. Планира в зима да се наметне во сениорската екипа за настап во највисокиот ранг, каде втора година е сограѓанинот Зоран Даноски со Прибрам.
Прогресот на Спиркоски ги радува поранешните тренери, Тони Наумоски од 11 Октомври, Зоран Димоски и Стевче Талески од школата Шампион.

Loading