ЗАЕДНИЧКА СЛИКАРСКА ЗБИРКА

Вечерва изложба на ДЛУП
Годишна изложба на дела на 30 членови на Друштвото на ликовни уметници од Прилеп (ДЛУП) ќе биде отворена вечерва од 20 часот во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”. Ќе се претстават сликари, графичари, скулптори: Тони Трајкоски, Јордан Мицкоски, Ангелка Башеска, Драган Темовски, Марјан Стојановски, Емил Димоски, Борис Јованоски, Ферди Јусуф, Васил Костов, Филип Перески, Лепа Милошевска, Рада Тодорова, Марија Ѓорѓијоска, Кристина Малинческа, Предраг Јаневски, Александар Тодороски, Павлина Илијоска, Методи Исков, Вера Николоска, Орде Стамболџиоски, Александар Џинго, Илија Миноски, Драгомир Михајлоски, Наде Тоскоска, Ристо Тошески, Бојана А.Трпческа, Зоран Ѓорески, Бети Макеска. Ќе бидат презентирани и видеа од Дарко Талески и Софија Грабулоска.
И младите творци имаа деби. Тоа се Кристијан Јованоски, Владимир Здравески, Александра Ацеска, Катерина Паскоска, Инес Дамеска, Ивана Ѓоргоска, Натали Башеска, Маја Џордано и Дарија Илиоска.
– Ја доближуваме уметноста до граѓаните и им го пренесуваме дијалогот за убавото – велат од ДЛУП.
Со изложбата се одбележува четвртиот роденден на ДЛУП и годишнината од формирањето на подмладокот.

Loading