ДЕНЕСКА ЖДРЕПКА

Ракомет

Во Ракометната федерација денеска е ждрепката за распоредот на Супер лигата за жени. По откажувањето на Стружанка и Куманово, преостанаа шест екипи: Вардар СЦБТ, ЖРК Вардар, Металург, Металург Јуниор (Скопје), Кожувчанка (Штип) и Жито Прилеп. Неминовна е промена на системот, со четири круга по пет кола, вкупно 20, плус плеј – оф. Стартот е планиран за 21 септември, а дотогаш пријателски. Составот на Жито Прилеп без заминатата Нацева, пивот, можно е да одигра викендов со Металург Јуниор или ЖРК Вардар, а претходно беа тестовите 20-36 и 27-36 со српскиот Милениум.

Доаѓаат информации за ривалот во 3. коло на ЕХФ купот, германскиот Гепинген, кој на стартот од Бундес лигата загуби со 32-23 на гости кај Бухтехудер. 

Loading