ЧИСТЕЊЕ И РАМНЕЊЕ

Помошен терен

Кај некогашната Зоолошка, до типските куќи, почна градбата на помошно фудбалско игралиште. Прво е чистењето и рамнењето на земјиштето со булдожер. Извесно се забрзува работата да се стаса совреме, во оваа натпреварувачка сезона. Игралиштето со вештачка подлога, висока ограда, трибина и соблекувални е неопходно за тренинзи и тест мечеви на градските тимови. Димензиите се меѓународни, должина 114, ширина 77 метри.

Проектот од УЕФА програмата “Хет – трик” вреди неколку стотини илјади евра.

Loading