НОВА ЛИТЕРАТУРА В БИБЛИОТЕКА

Донација од околу 1600 примероци стручна литература доби Библиотеката од Министерството за образование. Најнови наслови од повеќе области, меѓу кои од медицината, биологијата, менаџментот, социјалната политика, психологијата, правото преведени од странски јазик, им се достапни на читателите. Практично е збогатен фондот во Библиотеката со стручна литература.

– Располагаме со повеќе од 5000 наслови од сите области на стручната литература – додава Петар Петрески, директорот.

Библиотеката набави стотина наслови лектири, потребни на средношколците и основците.

– Обновен е дел од стариот фонд од лектирните изданија, некои се новонабавени за учениците, наши членови – потенцира директорот.

Наскоро ќе се набават нови изданија од издавачките куќи, меѓу кои и најбараниот бестселер “Инферно” од Ден Браун.

Loading