ВНУК НА ИТАР ПЕЈО

ВОЈЧЕ КИТАНОСКИ ВО ПРИЛЕП

Шоуменот, хуморист Војче Китаноски, живее во Скопје, родум од Крапа, Бродско, а при патувањата неизбежен му е Прилеп, прво големо населено место што го видел 1974 кога одел на студии. Прв близок клуб за кого имал симпатии е Победа од која го памети составот со Истатов, Мечев, Рамаданов…. За градов вели дека му е омилен оти од ден на ден е сé помодерен, а секогаш ист со ведрина, смеа.

– Кога ја разгледував бистата на Итар Пејо, од најблискиот дуќан довикнаа: Војче, дојде да се видиш со дедо ти? Колку убаво, досетливо и многу кажано, во само една реченица. Ме поврзуваат со мајтапчијата, мудрецот. Прилеп е извор на шегобијноста, опстаната во кризниве времиња. Не се опишува со зборови Пивофестот, а 15-минутното шоу останува засекогаш во сеќавање – вели Китаноски. 

Loading