ДЕЛАТА НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Се вели дека човек живее, додека трае сеќавањето за него. А сеќавањето на делата направени од поединци ги прават нив легендарни. Не секој може да се пофали дека во фамилијарното стебло имал предок, кој ја пишувал историјата. А тие што имаат, вреди да постават некакво обележје за најистакнатиот член во минатото на фамилијата.

Така, на едно едвај видливо место, кај дуќаните во чаршијата, потомокот на комитата Ѓорѓија Стојчески, кој јуначки се борел во битката на Ножот, нашол време и труд, на црна мермерна плоча, со неколку збора да покаже дека е со јуначки корени.

Убаво е да се знаат претците и да се стават во градската хронологија, а ако се направи некаков потсетник, како овој од фотографијава, и другите ќе разберат за делата на нечиј дедо, прадедо, чукундедо, па ќе сфатат дека сегашното време е дијамант, брусен од минатото.

Loading