СИЛНИ ТРЕНИНЗИ

РК ТАСТА 107

Женскиот ракометен тим, РК Таста 107, во пресрет на втората прволигашка сезона е на кондициски тренинзи на терените низ градов. Под командата на координаторот Петар Кузманоски и тренерот Бети Филипоска, се безмалку лански првотимки, со неколку освежувања. Новодојдените се од школата на Жито Прилеп, кои бараат шанса за настап на сениорска сцена. Клубот се надева на финансиска поддршка за подобри услови на талентираните.

Од 1. септември е преселбата в сала, најверојатно новата од средното училиште “Ристо Ристески – Ричко”.

Loading